НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Од:

Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува, рекол за грчката новинска агенција АНА-МПА функционер од Северноатлантската алијанса во однос на употребата на името Македонија од претседателката Сиљановска Давкова, јави дописничката на МИА од Атина.

Функционерот, кој не е именуван, за АНА-МПА посочил дека нашата земја е важен НАТО сојузник и „значајно придонесува за нашата колективна безбедност“.

Како пример ги споменал војниците распоредени во мисијата КФОР на Косово, мисиите во Ирак, како и мултинационалните борбени групи на НАТО во Летонија, Бугарија и Романија.

-Договорот од Преспа го отвори патот за членство на Северна Македонија во НАТО и придонесе за добрососедските односи, кои е важно да се одржуваат меѓу сојузниците. Северна Македонија влезе во Алијансата под нејзиното уставно име и под тоа име се претставува во НАТО, рекол функционерот.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени