СПЦ не сака Ана Брнабиќ да биде нов премиер на Србија

Од:

Српската православна црква (СПЦ) се обидува на сите начини да ја спречи можноста актуелната српска министерка за државна управа и локална самоуправа Ана Брнабиќ да биде избрана за нов премиер на Србија, поради нејзината хомосексуална ориентација, тврди белградскиот весник „Блиц“.

Местото српски премиер ќе остане испразнето кон крајот на мај, кога актуелниот шеф на Владата, Александар Вучиќ ќе ја преземе должноста претседател на Србија.

Како можни наследници на Вучиќ на премиерската функција се споменуваат Брнабиќ, актуелниот шеф на српската дипломатија Ивица Дачиќ и поранешниот министер за правда Никола Селаковиќ.

Меѓутоа, според „Блиц“, СПЦ се противи Брнабиќ да биде премиер, поради тоа што е лезбејка. Извори во СПЦ за весникот изјавиле дека евентуалниот избор на Брнабиќ за премиер била една од главните теми на сите средби на црквените великодостојници со претставниците на властите, при што тие јасно го искажувале своето противење на ваквото решение.

„Блиц“ наведува дека Вучиќ досега секогаш го имал предвид мислењето на поглаварот на СПЦ, патријархот Иринеј, но според извори од неговото опкружување, во овој случај мислењето на Црквата нема да биде пресудно.

Брнабиќ не е членка на ниту една партија и за министерка за државна управа и локална самоуправа беше избрана во август 2016 година како непратиска личност предложена од владејачката Српска напредна партија (СНС) на Вучиќ. Изборот на Брнабиќ тогаш привлече големо внимание во српската јавност поради нејзината јавно декларирана хомосексуална ориентација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ