Сојуз за Србија: Изјавата на Вучиќ за 24 часовен карантин може да предизвика паника

Од:

Сојузот за Србија (СзС) денеска оцени дека изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ за воведување на целодневен полициски час поради епидемијата со короноавирус е „исклучително опасна“ и може да доведе до паника кај граѓаните, јави дописникот на МИА од Белград.

Наведувајќи дека ниту една земја во светот нема воведено таква мерка, од СзС оценија дека тоа е „само продолжение на практиката со подигање на паника да се прикриваат сите грешки уште од почетокот на кризата, почнувајќи со повикот на луѓе за шопинг во Милано, организирањето на 100 000 луѓе за собирање на потписи (за изборите) среде епидемија, преку митингот во Ваљево и други неодговорни потези “.

-Никој со било какви мерки неможе да го негира правото на граѓаните на храна и вода. Преземените мерки мора да ги земат предвид основните човечки потреби и не смеат да предизвикаат уште поголеми последици од оние што ги создава епидемијата на коронавирусот, се вели во соопштението на СзС.

Од таму го повикаа претседателот на Србија да не ја „злоупотребува вонредната состојба заради сеење страв кај граѓаните“, како и да го остави управувањето со кризи на „стручни лица“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на ТВ Прва изјави дека е подготвен да воведе 24 часовна забрана за движење, доколку граѓаните продолжат да ги игнорираат препораките да не ги напуштат своите домови без итна потреба.

Предизвикан од оваа изјава на Вуќиќ со реакција се јави и лидерот на движењето Доста беше (ДЈБ), Саша Радуловиќ, кој оцени дека Србија е единствената земја која ја разгледува можноста за воведување на 24-часовен полициски час поради коронавирусот и дека ова е директна последица на фактот да кога беше воведена вонредната состојба, „претседателот на Српската напредна партија (СНС) изведе државен удар и го суспендира собранието“.

-Вучиќ ги плаши луѓето со десетици илјади мртви, доколку не воведе противуставни мерки. Ова е крајно лудило и невистинито … Имаме хистеричен човек кој ја управува земјата противуставно и преку прес-конференции. Тоа мора да запре, кажа Радучовиќ.

Лидерот на ДЈБ изјави дека побарал од сите 250 пратеници да го поддржат барањето за свикување на вонредна собраниска седница на кој би се расправал начинот на кој е воведена вонредната состојба.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија