Словенечко МВР: Уапсен државјанин на Косово

Од:

Портпаролот на словенечката полиција Бојан Кос потврди за приштинскиот портал „Лајми.нет“ дека на аеродромот во Љубљана попладнево е уапсен еден косовски државјанин кој чека изведување пред истражен судија во Окружниот суд во Крањ, јави Танјуг.

Не наведувајќи го името на косовскиотдржавјанин, Кос рече дека тој е уапсен по потерница на Интерпол која ја распишала Србија.

Според него, постапката во врска со тоа апсење ќе биде окончана по сите судски процедури.

– Поради доверливоста на личните податоци можеме само да потврдиме апсење на еден косовски државјанин по потерница на Интерпол која ја распиша Србија, рече Кос.

Приштински медиуми претходно јавија дека на љубљанскиот аеродром е уапсен лидерот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај, по потерница од Србија од 2006 година.

Официјална Приштина е во постојана комуникација со словенечките власти поради разјаснување на апсењето на Харадинај.

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ