Словенец доби 10 месеци затвор – се вакцинирал за други

Од:

Човек кој во Словенија се вакцинирал против Ковид-19 во име на други лица во период од два месеца за тие да добијат лажни ковид-сертификати е осуден на 10 месеци затвор за измама, додека четворицата мажи кои му платиле за ваквата услуга се парично казнети.

Ова е пресудата на Основниот суд во Крањ, кој донесе пресуди за сите инволвирани во измамата, што и натаму не се правосилни, а многумина се прашуваат дали судот постапил праведно, јавуваат словенечките медиуми.

Човекот кој минатата година шест пати бил вакциниран за други е осуден на затворска казна, а бил откриен кон крајот на декември додека се обидувал да ја прими седмата доза и веднаш му бил одреден притвор.

Нарачателите на услугата, иако осудени за измама, поминале без затвор, па двајца се казнети со 2.550 евра, а двајца со по 1.360 евра.

Претставници на здравствениот дом Крањ, каде што бил откриен обидот за седма измама, за љубљанско „Дело“ изјавиле дека таквиот судски епилог им се чини трагичен, затоа што човек од маргините и со финансиски потешкотии е осуден на затвор, а оние кои всушност го искористеле поминале подобро и без затворска казна.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он