Се зголемува бројот на заразени со коронавирус во Словенија

Од:

Според последните информации на словенечкото Министерство за здравство, бројот на заразени со коронавирусот се зголеми на 219 лица.

Најголем дел од заразените се на возраст од 30 до 49 години. Според статистика бројот на инфицирани мажи е еднаков со тој на жени.

Кризниот штаб за справување со коронавирусот, предводен од премиерот Јанез Јанша, веќе одлучи од утре да прекинат со работа сите училишта и градинки, запрен ќе биде јавниот превоз, односно автобусите и железницата, а нема да бидат отворени ниту угостителските објекти за гости.

Министерот за економија Здравко Почивалшек објави дека и понатаму ќе бидат отворени маркетите, аптеките, поштите, банките и бензинските пумпи. Тој апелираше да се користат начините за набавка на стоки без директен контакт, односно доколку е можно да се нарачува преку интернет, со цел да се избегнат непотребните собирања.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он