Се зголемува бројот на загинатите во Прага

Од:

Денеска во Прага загинаа 15 лица, а најмалку 24 се повредени, соопшти шефот на чешката на полицијата Мартин Вондрашек на вонредна конференција.

– Полицијата од утрото трага по 24-годишен маж, кој рекол дека сака да си го одземе животот. Во 12:45 часот добивме информација дека е пронајден мртов маж. Набрзо дознавме дека тој е татко на осомничениот кој денеска го изврши ова дело на Филозофскиот факултет. Дознавме дека тој е студент на Филозофскиот факултет и дека денеска во 14 часот треба да биде на предавање во зградата на улицата Челетна. Ја евакуиравме зградата која ја завршивме во 14 часот и 22 минути и ја продолживме потрагата. Во 14 часот и 29 минути стигнаа првите информации за пукањето на плоштадот Палач. Екипата на итната помош била на лице место за 12 минути, а во 15:20 часот добивме информација дека телото на напаѓачот е пронајдено на тротоар – рече тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање на забава: Има мртви, неколку повредени

Предраг Петровиќ

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Инцидент во Гази Баба, маж пукал со пиштол

Почина жената која пред еден месец беше ранета од тетовец на патарина во Прешево

Орце Костов

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов