Се снимаат нови епизоди на Топ листа надреалиста

Од:

После осумнаесет години откако ги снема од малите екрани, повторно се најавува снимање на нови епизоди од легендарната серија „Топ листа надреалиста“, а за режијата е задолжен некогашниот фронтмен на „Забрањено пушење“, Неле Карајлиќ.

Во главните улоги ќе се појават Неле Карајлиќ, Никола Којо, Весна Тривалиќ, Катарина Марковиќ и уште многу други, порачуваат од продуцентската куќа Адреналин.

Во „Надреалистите“ ќе има над 200 улоги. Серијалот ќе се снима на преку 50 локации, а тоа е голема работа. На пример, една домашна серија од дваесет епизоди се снима на 11 локации. Надреалистите ќе бидат вистинско богатство на случувањата. Автентичноста на оваа програма гарантира висок комерцијален учинок.

Неле Карајлиќ овој пат ќе се погрижи за сценариото и музиката, а заедно со Милорад Малинковиќ ќе биде задолжен и за режијата.

Ќе постои и студиски дел на емисијата, а секоја епизода ќе има засебна играна структура која ќе трае петнаесеттина минути во која ќе продефилираат познати актерски имиња.

Новите епизоди на малите екрани треба да се појави до крајот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Поранешната хрватска манекенка откако доби сурови коментари за својот изглед: Ме изненадија

Предраг Петровиќ

Почина Барбара Волтерс

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

A1on

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа