Почина Барбара Волтерс

Од:

Барбара Волтерс, првата жена водителка на вечерни вести во Америка и едно од најпрепознатливите лица на американската телевизија, почина во својот дом во Њујорк на 93-годишна возраст.

Веста ја објави телевизијата Еј-Би-Си, каде Волтерс го помина најголемиот дел од својата кариера во пет децении. Таа ја започна својата телевизиска кариера на NBC во „The Today Show“ во текот на 1960-тите, и работеше како сценарист и продуцент.

Таа влезе во историјата како првата жена која беше дел од вечерниот водителски пар на вести, кој дотогаш беше позиција исклучиво за мажи.

Волтерс го започна популарното целосно женско ток-шоу „The View“ во 1997 година, а во текот на нејзината кариера стана позната по интервјуирањето со највлијателните и најмоќните луѓе ширум светот. На списокот на луѓе со кои имала многу интересни разговори биле поранешниот кубански претседател Фидел Кастро, британската премиерка Маргарет Тачер, либискиот лидер Моамер Гадафи, ирачкиот владетел Садам Хусеин и секој од американските претседатели со нивните сопруги, почнувајќи од Ричард и Пет Никсон. .

За својата работа доби 12 Еми награди, а 11 ги освои додека работеше за ABC, објави таа телевизија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најпровокативната италијанска водителка падна сред емисија

(ВИДЕО) На водителка не и го исклучија микрофонот за време на реклами, таа урла и се расправа со екипата

Предраг Петровиќ

Ипсос: За време на епидемијата српските граѓани повеќе се пред ТВ, а македонските на интернет

А1он

Тотал ТВ бесплатно ги отвори дополнителните канали за своите претплатници

Ландов

СЗО: На децата треба да им се ограничи времето поминато пред ТВ екран

„Нетфликс“ на гледачите ќе им нуди сами да го изберат крајот на ТВ серија

Наум Локоски