САД ја повикаа Србија да ги нормализира односите со Косово

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и српскиот претседател Александар Вучиќ, синоќа се сретнаа во Вашингтон и на средбата била потврдена американската поддршка за Србија, посебно поддршката за нејзино членство во ЕУ, соопштија денеска од Стејт департментот.

Во соопштението се наведува дека Помпео ја истакнал важноста на прашањето Белград да се врати на преговарачка маса со Косово за нормализација на меѓусебните односи.

На средбата, тој го повикал српскиот лидер да го искористи моментот по последните писма на намери и да спроведе воздушна, железничка и автопатна врска меѓу Приштина и Белград.

Помпео и Вучиќ разговарале и за тековниот развој на Србија како модерна, демократска и просперитетна европска земја која егзистира во мир со своите соседи.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија