Ратко Младиќ од притворот во Шевенинген префрлен во болница во Хаг

Од:

Генералот Ратко Младиќ вчера од притворската едница во затворот Шевенинген бил префрлен во болница во Хаг, откако во текот на посета на неговите најблиски му се слошило, изјави за Танјуг, неговиот син Дарко.

Иако се очекувало денеска да биде пуштен, тој е задржан на натамошни испитувања, кажал неговиот син.

Вчера во посета на Младиќ била неговата сопруга, која и денеска ќе го посети во болницата.

-Мојата мајка ја уверуваа дека не е ништо страшно, а се уште ги очекуваме деталните информации за состојбата, наведе Дарко Младиќ.

Ратко Младиќ се наоѓа во притворот во Хашкиот трибунал во Шевенинген од јуни 2011 година.

На 22 ноември 2017 година тој беше осуден на доживотна казна затвор заради воени злосторства во БиХ, а неговите бранители вложија жалба на пресудата.

Би можело да ве интересира

Ратко Младиќ се онесвестил во Хаг: Итно бил пренесен во болница

Горан Наумовски

Одбиено е барањето Ратко Младиќ да се префрли на лекување во Србија

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска

Ратко Младиќ заврши во болница во Хаг: „Животот му е во опасност“