Ратко Младиќ заврши во болница во Хаг: „Животот му е во опасност“

Од:

Поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој отслужува доживотна затворска казна во Хаг за воени злосторства, е хоспитализиран и е во „лоша здравствена состојба“, изјави за АФП неговиот син Дарко Младиќ.

Дарко Младиќ во кус телефонски разговор за Франс прес во Белград ја потврди информацијата за локалните медиуми. Тој им кажал дека поранешниот генерал е хоспитализиран поради неговата кревка здравствена состојба. Прво беше во цивилната болница во Хаг, а од четвртокот е во затворската здравствена установа на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (MTPI) со седиште во Хаг.

„Неговото здравје е лошо. Во Србија е подготвен тим од лекари кои би можеле да одат да го видат, но сè уште не знаеме дали ќе им биде дозволено. Ќе побараме дозвола овие лекари да го прегледаат“, изјави Младиќ за АФП. .

На прашањето на АФП да ја коментира информацијата, службите на МТПИ одговориле дека „не можат да коментираат за здравствената состојба на уапсениот бидејќи се работи за доверливи информации“.

Би можело да ве интересира

Одбиено е барањето Ратко Младиќ да се префрли на лекување во Србија

Столтенберг, Борел, Вархеји – во еден глас ја поздравија хашката пресуда против Ратко Младиќ

Жарко Настоски

ВИДЕО: Ми судеше НАТО-пактот, ќе бев загрижен да ме ослободеа, порачува Младиќ по пресудата

Жарко Настоски

Бајден ја поздрави „историската пресуда“ против Младиќ, очекува лидерите во регионот да ја прифатат

Жарко Настоски

Младиќ ќе остане во затвор до крајот на животот, Хашкиот суд ја потврди пресудата

Жарко Настоски

Попладнево ќе биде изречена правосилна пресуда за Ратко Младиќ

Ана Ололовска