Столтенберг, Борел, Вархеји – во еден глас ја поздравија хашката пресуда против Ратко Младиќ

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја поздрави одлуката на Хашкиот трибунал да ја потврди првостепената пресуда против поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ.

– Праведно е тој да одговара за своите страшни злосторства врз цивили, вклучувајќи убиство на илјадници босански мажи и момчиња во Сребреница во 1995 година, се наведува во соопштението на Столтенберг.

НАТО наведува дека Алијансата помогнала да се завршат двете етнички војни на територијата на Западен Балкан во 90-те години од минатиот век и да се затвори „мрачното и срамно поглавје од европската историја“.

– Регионот останува стратешки важен за нашиот Сојуз. Ќе продолжиме да придонесуваме за стабилноста и безбедноста низ земјите од Западен Балкан, промовирајќи мир и помирување, се заклучува во соопштението.

Во меѓувреме, и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји оценија дека денеска изречената пресуда во Хаг против поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ ќе „придонесе за излекување на сите кои страдале“.

Во заедничкото соопштение, двајцата дипломати потсетуваат на жртвите и порачаа дека сочувствуваат со нивните семејства и преживеаните.

Тие нагласија дека ЕУ очекува од сите политички актери во регионот да покажат целосна соработка со меѓународните судови, да ги почитуваат нивните одлуки и да ја признаат нивната независност и непристрасност.

– Негирањето на геноцидот, ревизионизмот и воздигнувањето на воените злосторници се спротивни на најосновните европски вредности. Денешната одлука е можност лидерите во БиХ и во регионот, имајќи ги предвид фактите, први да им оддадат почит на жртвите и да промовираат добро тло за помирување, со цел да го надминат наследството од војната и да изградат траен мир, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Столтенберг: Прашањето не е дали, туку кога Украина ќе стане членка на НАТО

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина