ВИДЕО: Ми судеше НАТО-пактот, ќе бев загрижен да ме ослободеа, порачува Младиќ по пресудата

Од:

Некогашниот командант на војската на босанските Срби, Ратко Младиќ, по денешната потврдата на пресудата против него за воени злосторства, му порачал на народот на Српска да ја чува својата република, затоа што таа е најважна, а не неговата судбина.

Овие зборови на осудениот воен злосторник за српскиот јавен сервис ги пренесе неговиот син, Дарко Младиќ, кој имал средба со него по соопштувањето на пресудата.

„Добро звучеше кога го посетив. Го држеше адреналинот, ќе видиме како во следните денови тоа ќе се одрази на неговото здравје. Знае Ратко што мисли народот за него. Порача да се чува Република Српска и дека не е битен тој, туку нејзиниот опстанок“, изјави меѓу другото Дарко Младиќ, пренесувајќи ги зборовите на неговиот татко.

Младиќ исто така порачал дека би бил загрижен да имало ослободителна пресуда, затоа што тој всушност бил суден од страна на НАТО-пактот.

„НАТО-пактот ме судеше и ме осуди поради тоа што го бранев својот народ и ги спречив плановите на НАТО-пактот да ги протера Србите од нивните вековни огништа“, рекол Ратко Младиќ, според неговиот син.

Жалбениот совет на Механизмот за кривични судови во Хаг денеска му ја изрече на Младиќ второстепената пресуда, со која се потврдува претходно изречената казна доживотен затвор. Тој е осуден како еден од организаторите на масакрот во Сребреница, како и за низа други најтешки дела како геноцид, убиства и тероризирање на несрпското население на Босна и Херцеговина, за време на крвавата граѓанска војна во земјата од 1992 до 1995 година.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Босна и Херцеговина

Во Сараево: Горан ја масакрирал сопругата, во злосторството му помогнала мајка му

ВИДЕО: Израел ја игнорира наредбата на Хашкиот суд, продолжи со нападите на Рафа

Катерина Ѓуровски

Одбиено е барањето Ратко Младиќ да се префрли на лекување во Србија

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе