Младиќ ќе остане во затвор до крајот на животот, Хашкиот суд ја потврди пресудата

Од:

Поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, попладнево е правосилно осуден на доживотен затвор за геноцид и злосторства против човештвото над несрпското население за време на војната во Босна и Херцеговина.

Со правосилната пресуда, се потврдува дека Младиќ е виновен по десет точки од обвинението – за учество во геноцидот во Сребреница, прогон, истрбување, убиства, депортации на населението, тероризирање на населението, противправни напади врз цивили и земање заложници.

Со советот, кој му ја изрече конечната пресуда на Младиќ, претседаваше судијката Приска Матимба Нијамбе од Замбија.

Судот во Хаг ги отфрли сите жалби поднесени од одбраната на Младиќ.

Конечната пресуда за овој случај беше донесена речиси по 26 години од поднесувањето на обвинението против Ратко Младиќ во Хашкиот трибунал (МКТЈ) и утврдена е одговорноста на еден од клучните актери во војната, во која беа убиени повеќе од 100.000 луѓе и протерани над два милиона луѓе во БиХ.

Како и во првостепената постапка, Младиќ беше осуден по 10 од вкупно 11 точки од обвинението, но не и за геноцид во шест босански општини во текот на 1992 година, а тоа се Приједор, Сански Мост, Кључ, Котор Варош, Фоча и Власеница.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Босна и Херцеговина

Во Сараево: Горан ја масакрирал сопругата, во злосторството му помогнала мајка му

ВИДЕО: Израел ја игнорира наредбата на Хашкиот суд, продолжи со нападите на Рафа

Катерина Ѓуровски

Одбиено е барањето Ратко Младиќ да се префрли на лекување во Србија

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе