Пукано кон седиштето на СДП во Загреб

Од:

Вчера (петок), во попладневните часови е пукано кон седиштето на СДП на Иблеров плоштадот во Загреб.

Во периодот кога се случил немилиот настан имало вработени во зградата, но за среќа нема повредени.

„СДП е згрозена од овој чин, кој најостро го осудуваме. Секое насилство или напад врз имотот на која било политичка партија е неприфатливо и за осуда, особено кога се работи за толку опасен и едноставно безумен чин“, велат од партијата.

Поради оштетување на прозорецот, извршен е увид.

„Веруваме дека полицијата добро ќе си ја заврши работата и во најбрз можен рок ќе го открие сторителот“, соопштуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца студенти повредени во пукање во Тексас

(ВИДЕО) Мртов човек е пронајден во стан во Загреб, сведоците тврдат: Сопругата го уби и скокна низ прозорецот

Горан Наумовски

Ранети двајца браќа во пукотница на наплатна станица „Желино“

Најмалку петмина ранети во оружен инцидент во Лос Анџелес

Драма во Париз: Маж пукал од балкон, полицијата ги затвори улиците

Пукање во Грачаница