Протести во Белград: „Косово не го даваме“

Од:

На платото пред црквата Свети Сава во Белград вечерва се собраа голем број членови и симпатизери на повеќе десничарски опозициски партии и движења. Како што јави репортерката N1, во 18 часот платото било преполно со луѓе. Собирот го организираа движењето Двери, Нова ДСС и Заветници под името „Србија памети, брани, не дава“.

Како што јави репортерот N1, може да се забележат претежно српски знамиња. Организаторите претходно кажаа дека тоа не е протест, туку „надпартиско-патриотско обединување“ и дека нема да има партиски знамиња.

На собирот пристигнаа и лидерите на Двери, Нова ДСС и Заветници – Бошко Обрадовиќ, Милош Јовановиќ и Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски.

Ѓурѓевиќ Стаменковски претходно изјави дека голем број луѓе биле спречени да дојдат во Белград и од југот и од северот на државата, а сето тоа, вели таа, го направила полицијата. Таа изјави дека возилата биле испратени на дополнителен технички превоз, а многу автобуски превозници се откажале од организираното возење.

Насобраните имаат три барања – да се отфрли европскиот план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, Вучиќ да поднесе оставка и веднаш да се распишат избори.

Како што јавија репортерите на N1, може да се забележат транспарентите „Косово е срцето на Србија“, „Не за капитулацијата“, „Не даваме свети места“, а можеа да се слушнат и навредливи скандирања против Александар Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Романија, почувствуван и во Србија и во Хрватска

Катерина Павлова-Николовска

Трагедија во Србија: Двајца тинејџери се удавија на Ада Циганлија

Катерина Павлова-Николовска

Хирург од Русија е убиецот на сопругата и детето во Панчево

Обвинение против гинекологот кој сакаше да прегази полицаец, државата бара да се казни со пет години затвор

(ВИДЕО) Странец, возач во белградскиот јавен превоз се изгуби по градските улици, патниците го насочуваа на Англиски јазик

Горан Наумовски

На српскиот новинар Бошко Савковиќ му е одредена мерка притвор до 30 дена

Горан Наумовски