Просечниот Бугарин троши повеќе на одржување на автомобилот, отколку на опремување на домот

Од:

Според анализата на вкупната потрошувачка за мебел, апарати за домачинство и одржување на домовите на земјите-членки на ЕУ за 2016 година на Евростат, Бугарите трошат повеќе пари за одржување на нивните автомобили, отколку за опремување на домовите.

Просечниот Бугарин за одржување на автомобилот троши околу 7,6 отсто од вкупните приходи, додека за опремување на домот само 5 отсто од заработеното.

Според бугарскиот Национален статистички институт (НСИ), за опремување на домовите Бугарите во 2016 година потрошиле 5,5 милиони евра. За реновирање, одржување или опремување на домовите просечно бугарско домаќинство потрошило по околу 200 евра.

За одржување на автомобилите пак, просечното бугарско домаќинство во 2016 година трошело над 350 евра.

Лани речиси сите жители на Бугарија во своите домови имале телевизор, фрижидер, машина за перење алишта и телефон, 52 отсто имале компјутери со пристап до интернет, а 35 проценти клима уреди.

Би можело да ве интересира

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Бугарија в недела повторно на предвремени избори, шести во последните три години

Орце Костов

ВИДЕО: Македонец фатен со 21 килограм амфетамин во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16