Продолжуваат разговорите за примена на Бриселската спогодба

Од:

Преговарачките тимови на Белград и Приштина ќе ги продолжат денеска разговорите за примена на Бриселската спогодба.

Тимовите вчера не постигнаа договор за примена на спогодбата, но денеска претпладне ќе ги продолжат разговорите, изјави шефот на белградскиот тим Марко Ѓуриќ.

– Сега е важно Приштина да го покаже оној вид на разумност и конструктивност, која е неопходна спогодбата да заживее, а ние од претставниците на Европската комисија, со кои разговаравме не слушнавме нити една сериозна забелешка на големиот број аргументи, кои ги изнесе нашата страна, изјави синоќа Ѓуриќ, кој е советник на претседателот на Србија, Томислав Николиќ, по повеќе од четири часа дијалог во зградата на Европската служба за надворешни работи во Брисел.

За време на вчерашната рунда разговори немало директна средба меѓу двата тима, туку со нив одвоено разговарал Фернандо Џентилини, директор за проширување во ЕК.

Ова е втор состанок на тимовите, откако претседателот на Владата на Србија, Ивица Дачиќ и премиерот на Косово Хашим Тачи ја парафираа спогодбата на 19 март.

Белградскиот тим, како и минатиот пат го предводи Ѓуриќ, а приштинскиот заменик-премиерот Хајредин Кучи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ