Приштински медиуми: Под притисок на САД одобрен планот за посета на Вучиќ

Од:

Под притисок на САД, приштинската влада одлучила сепак да му овозможи на српскиот претседател Александар Вучиќ и посета на браната Газивода.

Според приштински медиуми до промена на ставот дошло по предлог на САД до приштинските институции за да „нема тензии меѓу двете држави“.

Во извештајот на медиумите во Приштина се додава дека планот за посета на претседателот на Србија е одобрен во согласност со барањата и со „Правилата за посета на високи официјални лица предвидени со договор од Брисел“.

Според извори на Коха, претставници на косовските институции во текот на денот ќе бидат во контакт со западни партнери во врска со таа одлука.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Вучиќ: Ни треба компромисно решение за Косово

Горан Наумовски

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ