Претстои преструктурирање на политичкиот простор во Бугарија

Од:

БГНЕС, Софија

Првиот заклучок од резултатите на локалните избори покажува дека владеачката партија има доволно силни позиции во булгарското општество и е решена да го заврши својот мандат. Вториот заклучок, што може да се изведе, е дека ГЕРБ имаат трајна ситуација во пад на избирачката доверба. Тоа значи дека претстои преструктурирање на политичкиот простор во Бугарија, што најверојатно ќе се случи на следните парламентарни избори.

Како трет заклучок може да се каже дека Софија категорично го отфрла националистичкото и екстремно гласање.

-Резултатите на национал-популистичките формации се значително пониски отколку на евроизборите, па дури и од претходните локални избори. И покрај тоа што тие спроведоа луксузни кампањи со големо количество странски пари.

Томов смета дека кандидатурата на Борис Бонев може да се оцени како свежа крв на овие избори.

-Овој млад човек направи одлична шарена кампања. За повеќе во моментов не може да се зборувам, убеден е социологот.

Томов не се нафати да ги коментира драстичните разлики во податоците на социолозите.

-Не можам да одговарам за активносотите на другите. Јас правев истражувања во Софија, кои не ги објавив и во нив нема големи разлики меѓу тоа што го набљудував за време на кампањата и тоа што се случи. За останатите не одговарам.

Цветозар Томов, социолог, специјална анализа за БГНЕС

Би можело да ве интересира

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Бугарија в недела повторно на предвремени избори, шести во последните три години

Орце Костов

ВИДЕО: Македонец фатен со 21 килограм амфетамин во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16