Премиерите на Србија, Хрватска, БиХ и Црна Гора во Мостар

Од:

Премиерите на Србија, Ивица Дачиќ и на Хрватска Зоран Милановиќ, денес се во дводневна посета на Мостар, а утре се очекува да им се придружи и црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, а домаќин ќе им биде Вјекослав Беванда.

dacic-milanovic

Повод за посетата е Меѓународниот саем за стопанството. Милановиќ во Херцеговина се очекува да пристигне претпладне, да посети неколку општини и да се сретне со општинските и кантонските претставници на власта и црквата.

Во текот на церемонијата предвидени се обраќања од домаќинот и гостите, како и на специјалниот претставник на ЕУ во БиХ, Петер Соренсен, кој што ќе го отвори саемот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион