Посетата на Еди Рама на Белград одложена за 10. ноември

Од:

Премиерите на Србија и на Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама во денешниот телефонски разговор се договорија официјалната посета на албанскиот премиер да биде одложена за 10. ноември.

Во заедничкото соопштение се истакнува дека двајцата премиери се согласиле дека инцидентите на стадионот во Белград  на натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Србија и на Албанија по својата суштина биле многу несреќни.

– И понатаму постојат јасни несогласувања за тоа како дошло до инцидентите, не не смееме и нема да дозволиме да ја пропуштиме можноста за средба и да работиме на одржување на регионалната стабилност. Време е да свртиме нова страница во политичките и економските односи меѓу Србија и Албанија, се посочува во заедничкото соопштение.

Вучиќ и Рама истакнаа дека е неопходно да продолжи дијалогот и процесот почнат на 28 август во Берлин, за време на конференцијата за Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана