Помпео во Грција на средби со Мицотакис и Денедиас

Од:

За да се обноват заедничките заложби за унапредување на безбедноста, мирот и просперитетот во Источниот Медитеран, но и за одбележување на најсилните американско – грчки односи во последните децении, како што соопштуваат од Стејт Департментот, американскиот државен секретар Мајк Помпео ќе ја посети Грција, а утре и задутре, во Солун и на Крит, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Никос Дендиас и премиерот Кирјакос Мицотакис.

Утре во Солун со Никос Дендиас ќе разговараат за прашањата од билатерален, регионален и меѓународен интерес со акцентот ставен на стратешкиот дијалог Грција –САД, на одбранбената и енергетската соработка, како и на случувањата во поширокиот регион на Источниот Медитеран.

Дополнително, американскиот државен секретар во Солун ќе потпише билатерален договор за наука и технологија, а со бизнис лидерите во енергетскиот сектор ќе разговара за потенцирање на диверзификација на енергијата и инфраструктурните проекти во Грција.

Во вторник, Помпео и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе ја посетат воената база во Суда на островот Крит, за, како што соопштија од Стејт Департментот, „да се нагласи силното безбедносно партнерство на САД со НАТО сојузникот –Грција“.

Државниот секретар на САД Мајк Помпео од денеска до 2 октомври ќе ги посети Грција, Италија, Светата столица и Хрватска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски