Поглаварот на ГПЦ со благи симптоми на Ковид-19 пренесен во болница

Од:

Поглаварот на Грчката православна црква архиепископот Јеронимос, рано утрово, со благи симптоми на коронавирусот, беше примен во болница, јави дописничката на МИА од Атина.

Информацијата преку „Твитер“ ја соопштија од атинската Архиепископија, додека пак портпаролот на архиепископот Харис Конидарис, за грчката телевизија „Скај“ објасни дека 82- годишниот Јеронимос во понеделникот направил тест, а резултатот што го добил вчера бил позитивен.

Синоќа имал зголемена температура, па затоа утрово бил пренесен во болница, но е во добра состојба.

Пред две седмици, откако беше откриен позитивен случај кај член на Светиот синод на ГПЦ, архиепископот беше тестиран и доби негативен тест.

Архиепископот Јеронимос во саботата се сретна со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, меѓутоа, во пресрет на средбата и двајцата правеле тест и добиле негативен резултат.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, соопшти дека Мицотакис направил тест и пред дводневната посета (вчера и завчера) на Обединетите Арапски Емирати, па затоа, епидемиолозите препорачале дека не постои причина за превентивен карантин.

Во Грција, позитивни на Ковид-19 се најмалку четворица митрополити, од кои еден почина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски