Отворено писмо до Николиќ, Дачиќ и Вучиќ по повод геј-парадата

Од:

По повод најавите за одржување на јавен собир, генералниот секретар на Сидикатот на српската полиција, Лазар Ранитовиќ упати отворено писмо до претседателот на Србија, Томислав Николиќ, премиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ и до првиот потпретседател на владата, Александар Вучиќ.

Почитувани,

Ви се обраќам со јавно писмо, со надеж дека ќе го разберете српскиот полицаец. Полицајците кои што се на улица, голи, боси, слабо платени, во долгови… Полицајците кои што имаат малку опрема, уште послаба правна зашита од државата која што ја претставуваат и чуваат.

Бидете сигурни, дека српскиот полицаец ќе ги издржи сите неправди, дека ќе даде свој придонест за државата и општеството во транзиција, на патот кон Европската унија. Српскиот полицаец ќе обезбеди почитување на Уставот, кој што ги гарантира човековите и граѓански права, ќе го штити јавниот ред и мир, ќе спречува хаоси на улиците, без оглед на горе наведеното. Српскиот полицаец ќе ги извршува задачите професионално и во рамките на законите.

Вие господа, многу мудро одлучивте дека одружувањето на геј-парадата е во интерес на државата, а веднаш потоа храбро објавивте дека на таа манифестација нема да учествувате. Од нас полицајците баравте да ја овозможиме и обезбедиме.

gej-parada-paradaa2

Затоа звучат невистинито зборовите на премиерот, кажани вчера на телевизија, само два дена пред одржување на парадата во Белград, дека геј лицата не се нормални, дека тој не треба да стане геј за да може да му се додворува на некого или слично.

Па не мора господине премиер да стане геј, еве ние можеме да потврдиме дека воопшто не личите на хомосексуалец, изгледате баш машки….мачо мен. Но, навистина не знаеме зошто неговото сексуално определување треба некого да го интересира, тоа не треба да биде проблем за никого.

Но, голем проблем може да бидат овие негови зборови, кажани пред одржување на парадата, бидејќи некој може да ги протолкува не само како директен повик, туку и како дозвола „од највисокото место“ за пресметка, па и физичка, со „неморалните“. При тоа не е важно дали некој од нас интимно се согласува со одржувањето на парадата, важно е дека овие зборови ги кажа премиерот и министерот за внатрешни работи на една држава, човек чиј збор има поинаква тежина, отколку збор на некој натпис на форум или анкета.

Дали господинот е свесен дека Тој е главен раководител на илјадници наши (негови) колеги кои за два дена ќе бидат задолжени за безбедност на учесниците на парадите и останатите граѓани на улиците во Белград и дека со своите изјави сега ја загрози нивната безбедност, но и на сите останати. Наместо, на колегите да им ја олесни работата, Тој им ја отежнува, наместо да ја смирува ситуацијата, Тој дополнително ја разгорува. Во што премиере ги ставате своите колеги, додека Вие бегате?

gej-parada-paradaa

Премиерот/министер за внатрешни работи нема право на такво однесува и изјави, бидејќи тие може да бидат трагични, затоа што може да значат десетици или стотици глави, скршени раце и нозе, а можеби и изгубен живот, дури и кај оние подредените.

Лесно му е на премиерот да дава вакви изјави, затоа што тој тогаш нема да излезе на улица, ниту пак е учесник на парадата како полицаец задолжен за нивна безбедност. За него нема да има никаква физичка опасност.

Ние не сакаме кој било да биде повреден на улиците во Белград тој ден, но особено сме заинтересирани наш колега да не биде во ситуација да му е загрозено здравјето и животот, не сакаме ниту тие, од која било причина, да ги загрозат здравјето и животите на другите. Господа, српски полицајци и во тешките ситуации јас бев на висина на задачата, па така ќе биде и оваа сабота.

И покрај лошите логистички и финансиски услови, професионалноста на српската полиција и нејзината посветеност на службата никогаш нема да се доведе во прашање напротив, јавноста, граѓаните и ресорното министерство се свесни дека припадниците на полицијата никогаш не бегаат од одговорноста, предизвиците и барањата поставени пред нив.

gej-parada-paradaa1

Но полицајците не сакаат повторно да бидат глинени гулаби, а особено не во таква состојба да ги доведе нивниот министер! Се надеваме дека од нас не се очекува да го почитуваме законот, правилата на службата, ќе ги извршуваме наредбите а при тоа нема да употребуваме законски средства, принуди дури и кога сме нападнати или загрозени.

Затоа, бараме од Вас во овие сериозно безбедносни предизвици да избегнувате естрадизација и егзибиционизам од кој било вид, однесувајте се како одговорни раководители и политичари, а не како „ѕвезди“ во реално шоу. Не дозволувајте Вашето однесување и изјавите да имаат влијание врз безбедноста, на здравјето и животот на сите потенцијални актери на парадата, ниту на оние кои и даваат поддршка, ниту на оние кои се против неа, на нас полицајците. Немој да не терате, едни против други, тоа нема да Ви го простиме.

Бараме од Вас и Вие да не заштитите. Бараме од Вас, како најодговорни луѓе во државата да ни даде поддршка така што јавно ќе ветите и ќе им се закани на оние кои се против одржување на парадата: дека ќе бидат процесуирани по скратена постапка и најстрого казнети сите кои што ќе ја нападнат поворката или српската полиција. Конкретно, доколку државата има сила да ангажира 5.000 полицијаци со цел да ја обезбеди геј-парадата, сосема е лигично Србија да ги ангажира за тој ден и барем 50-ина судии и обвинители кои ќе ги процесуираат по скратена постапка, сите оние кои ќе се јават против Вашата одлука, да се одржи парадата. Доста ни се празни ветувања од државата кој веќе многу ни должи, од нови униформи и опреми, до неисплатени заостанати парични додатоци за патни трошоци, ноќна и прекувремена работа, работа на државни празници….

Геј-парадата ќе биде и ќе помине. А тогаш нас, кога ќе ја завршиме задачата и ќе ги заштитиме правата на граѓаните ни претстои продолжување на силните синдикални борби за нашите граѓански, човекови и работнички права! Нема да дозволиме „автомобилите да се кршат“ преку нас. Не заборавајте го тоа!

Бараме од Вас сите надлежни и одговорни конечно да почнат одговорно да ја извршуваат својата работа во државата, а доколку тоа се случи не заборавајте, бидете сигурни дека Синдикатот на српската полиција нема да се двоуми да ги повика вработените да Ве потсетат.

Со почит,

Генералниот секретар на СПП, Лазар Ранитовиќ.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија