Најбогатите српски наследници

Од:

Мајките и татковците им обезбедиле се во животот, од најдобри училишта до компании, големи куќи и банкарски сметки, кои еден ден ќе ги наследат. Меѓутоа, тие и покрај тоа се обидуваат со својот труд да докажат дека лагодниот живот каков што го водат не е само заслуга на нивните родители. Затоа завршуваат некои од најпознатите факултети и се обидуваат да почнат сопствен бизнис за да бидат самостојни.

Еве ја листата на најпосакувани наследници:

Александар и Сандра Митровиќ

Александар Митровиќ (19), син на Жељко Митровиќ, кој го доби од бракот со Соња Митровиќ-Хани, лани го прослави своето полнолетство. Не се експонира често во јавноста, единствено се знае дека е опседнат со автомобили, но е познат и како голем заводник.

Неговата постара сестра Сандра (21) моментно се наоѓа во странство на студии. Пред да се посвети на учењето, имала своја авторска емисија на Пинк телевизија, читај меѓу редови. Сандра сака провод, а медиумите ја доведуваа во врска со познатиот пливач Милорад Чавиќ, додека таа сама изјави дека има дечко девет години постар од неа.

Вељко Ражнатовиќ

Синот на фолк дивата Светлана Ражнатовиж и Жељко Ражнатовиќ – Аркан, иако има само 16 години порасна во вистински убавец и заводник, а по него лудуваат многу тинејџерки.

Се шпекулираше дека е во врска со Тамара Видиќ, поранешна учесничка на емисијата Топ модел.

Гордана и Ана Кариќ

Гордана Кариќ е ќерка на Сретен и Славица Кариќ. Заврши основно и средно училиште на Кипар, а потоа во Лондон заврши на универзитетот Вебстер, насока медиуми и комуникација, со поднасока политика и историја. Течно зборува англиски, а учи и руски и француски. На 29 години влезе во политиката и моментно се наоѓа на позиција генерален секретар на Движењето Силата на Србија и е советник на град Белград. Посветена е на работата и негува семејни вредности.

Ана е ќерка на Зоран и Маријана Кариќ. Со години нејзината убавина служеше како промо лице на тогашен „Мобтел“, а беше прогласена и за официјално најубава жена на Југославија. Исто така вложувала и во образованието.

Марија и Стефан Бабовиќ

Марија Бабовиќ, ќерка на еден од најбогатите Срби Милија Бабовиќ, како модел го освојува странскиот пазар. Посетува приватни студии во Лондон. Се шпекулираше дека е во врска со Саша Ковачевиќ и Симон де Кариќ.

Стефан моментно игра за ФК Партизан, а покрај фудбалот сака да пишува песни и да чита. Од врската со манекенката Наика Бокан го има синот Милија, а моментно се забавува со Драгана, ќерка на поранешниот фудбалски ас Драган Џајиќ.

Марко Мишковиќ

Синот на Мирослав Мишковиќ и поранешен потпретседател на Црвена Ѕвезда, според пишувањето на медиумите се забавува со пејачката Јована Николоќ и важи за најпосакуван младоженец во Србија.

Во последно време подолго престојува во Америка, каде развива бизнис, а пријателите велат дека не ја сака улогата на српски плејбој, туку дека сака да се наметне како успешен деловен човек.

Дајана и Александар Костиќ

Дајана Костиќ е најстара ќерка на поранешните сопружници Маријана Матеус и бизнисменот Миодраг Костиќ – Колета. Го завршила престижното евопско училиште Ле Росеј, по кое се запишала на студии за бизнис и менаџмент во Лондон. Дајана веќе три години е во врска со Дамир Ахметов, син на украинскиот милијардер Ринат Ахметов, кој важи за еден од најбогатите луѓе во Европа.

Нејзиниот брат Александар, кој полека стекнува епитет на заводник, ретко се појавува во јавност и за него малку се знае.

Филип Живоиновиќ, син на Боба Живоиновиќ е идеен творец на рок фестивалот СМС 48 часа, бил менаџер на својата маќеа Лепа Брена, а сега продолжи да се занимава со приватен бизнис во областа на менаџментот. Беше во врска со манекенката Софија Милошевиќ, а медиумите многу пишуваа и за тоа дека на неговиот шарм паднала и фолк дивата Цеца Ражнатовиќ и хрватската пејачка Маја Шупут. Моментно е во врска со глумицата Маја Манџук.

Неговиот полубрат Стефан, иако лани стана полнолетен, веќе важи за вистински заводник. Тој се одлучи да појде по стапките на татко му, па по завршеното интернационално училиште во Белград се посвети на тенисот.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска