Младиќ: Обвинението против мене е „детето на НАТО“

Од:

Расправата за поднесената жалба по првостепената пресуда за некогашниот српски командант Ратко Младиќ заврши синоќа.

Младиќ пред судот во Хаг изјави дека тој бил и ќе остане цел на НАТО, напоменувајќи дека обвинението против него е „детето на НАТО“.

На почетокот на неговото обраќање, тој од судот побара да му биде одобрено наместо 10 минути да зборува 31 минута, затоа што како што рече тој, „има и што да каже за секоја година од кога бил втурнат во војна“, но Судскиот совет го отфрли таквото барање.

На вчерашното рочиште, Младиќ не носеше заштитна маска, па затоа пред него беше поставена стаклена преграда.

Младиќ е осуден на доживотна затворска казна за геноцид и други воени злосторства во БиХ, против него имаше девет обвиненија, а за една од точките е ослободен.

Неговиот тим од адвокати претходно побара од Судскиот совет да ја укине пресудата и да го ослободи обвинетиот, бидејќи како што кажа одбраната „судот погрешно констатирал дека Младиќ е виновен“. Обвинителството, од друга страна побара Младиќ да биде прогласен за виновен бидејќи сторил геноцид врз муслиманското население во неколку општини.

Младиќ во судницата беше застапуван од страна на адвокатот од САД, Иветиќ и правниот советник Пета-Луис Багот, а преку видео-конференциска врска рочиштето беше набљудувано од четворица од петте судии.

Во првостепената пресуда, Хашкиот трибунал одлучи дека Младиќ ги сторил злосторствата со учество во четири криминални активности кои имале цел трајно да го истребат муслиманското население како и босанските Хрвати од територијата која била населена со босанските Срби во БиХ.

Тој беше осуден и за учество во терор врз цивилното население во Сараево преку организирање на гранатирањата и снајперското пукање во центарот на градот.

Би можело да ве интересира

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг

Симатовиќ е пуштен на привремена слобода

Горан Наумовски

Русија издаде налог за апсење на хашкиот судија кој издаде налог за апсење на Путин

Ана Ололовска

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

Хашкиот процес против Тачи и обвинетите за злосторства во Косово и Албанија ќе почне на 1 март

Ана Ололовска

Ратко Младиќ заврши во болница во Хаг: „Животот му е во опасност“