Малмстром: Одржувањето на геј парада во Белград клучно за напредокот на Србија кон ЕУ

Од:

Еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром денеска ја предупреди Србија дека оддржувањето на најавената „Парада на гордоста“ во Белград, ќе биде клучен показател за напорите на земјата за приклучување кон Европската унија, јави ДПА.

Малмстром денеска на својот блог напиша дека за ова „чувствително прашање“ му испратила писмо на српскиот премиер Ивица Дачиќ, на само два месеци пред лидерите на ЕУ да одлучат за иднината на српската кандидатура за членство.

– Белградската геј парада во 2013 година ќе биде важен чекор за напредокот на Србија на нејзиниот пат кон ЕУ, преку гарантирање на фундаменталните принципи на еднаквост и недискриминација, посочи Малмстром на својот блог.

Таа забележува дека слободата на собирање и слободата на изразување се меѓу основните вредности, вкоренети во договорите на ЕУ.

– Од суштинско значење е Србија – земја која се надева да стане членка на ЕУ – целосно да ги прифати вредностите, вградени во основите врз кои е изграден проектот на Европската унија, подвлече Малмстром.

Српските власти во претходните две години го забрануваа оддржувањето на геј-парадите, откако во 2010 година додјед до судири на ваквиот настан.

Планирано е овогодишната „Парада на гордоста“ во Белград да се оддржи на 28. септември.

Владата на Србија се уште не се изјаснила дали годинава ќе дозволи одржување на геј парада, бидејќи има голем отпор од националистите и Српската православна црква. 

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија