Мали: Олеснувања од 5,1 милијарди евра за српската економија поради Ковид-19

Од:

Српскиот министер за финансии Синиша Мали на денешната владина прес конференција изјави дека српската Влада усвоила три уредби со кои се предвидуваат начините на кои стопанството ќе може да користи државна помош од пакетот економски мерки во вредност од 608,3 милијарди динари, или 5,1 милијарди евра, а нивната имплементација ќе почне од понеделник.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Мали кажа дека се предвидува приватните фирми да имаат право на помош, доколку не го намалиле бројот на вработените за повеќе од 10 отсто од 15 март 2020 година.

Можноста за одложување на плаќењето на даноци и на придонеси се однесува на оние стопански субјекти, вклучително и на филијалите и претставништвата на странските правни лица, но не се однесуваат на банките и други финансиски институции.

Со владината уредба се одложува плаќањето на даноци и придоноси за заработка и на плати до 4 април 2021 година. Подмирувањето на таа одредба ќе почне од јануари следната година, најмногу на 24 месечни рати, без камата.

-Претприемачи, паушални претприемачи, земјоделци и други претприемачи, правни лица класифицирани како микро, мали и средни правни лица може да сметаат на исплата на грант од буџетот, односно минимална плата од околу 30.000 динари. Плаќањето ќе почнат во мај, а следните две рати се во јуни и јули, кажа Мали.

Право на користење на неповратни средства ќе имаат и големите претпријатија во износ од 50 отсто од основната минимална нето плата за март 2020 година. Плаќањето ќе биде во мај, јуни и јули во износ од 50 од минималната плата за март.

Претприемачите, задругите, микро, малите и средните претпријатија, кои се претежно во приватна сопственост или во кооперативно сопственост, ќе имаат право да ги користат средствата, под услов да вршат производство, услуга, трговија и земјоделски активности. Кредитите за одржување на тековната ликвидност и набавка на обртни средства ќе се одобруваат со рок на отплата до 36 месеци и грејс период до дванаесет месеци, со каматна стапка од еден процент на годишно ниво.

Кредитите ќе се одобруваат и ќе се исплатуваат во динари. Основен услов за реализација на овие кредити е задржување на бројот на вработените на ден 16 март 2020 година.

Министерот за финансии изјави дека со донесувањето на мерките е укинато плаќањето на данокот на додадена вредност за донации за медицинска опрема за државни и јавни институции.

Мерките го соддржат и делот за еднократна помош на сите полнолетни граѓани на Србија од 100 евра, додаде Мали.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија