Логар: Ризикот од тромбоза е многу поголем кај заразените отколку кај вакцинираните

Од:

Ризикот од згрутчување на крвта кај пациенти со Ковид-19 е далеку поголем отколку кај вакцинираните против оваа болест, изјави денеска словенечкиот епидемиолог Матеја Логар, која го предводи стручниот совет на словенечката Влада.

– Додека следењето на вакцинираните покажа дека ризикот од згрутчување на крвта што може да предизвика венска тромбоза или белодробна емболија со вакцината „Астра Зенека“ е многу мал или еден случај на милион вакцинирани, во Словенија сериозни тромбоемболиски компликации се јавуваат кај околу една четвртина од пациентите третирани со Ковид – 19 во единиците за интензивна нега на словенечките болници, рече Логар.

Таа на прес-конференција одговори на прашањето за создадената недоверба во јавноста во врска со вакцината на британско-шведската компанија, поради што дел од купените вакцини сè уште останува неискористен.

– Ова значи дека околу 40 пациенти со Ковид, 153 од нив кои се моментално во словенечки болници, можат да сметаат на тој ризик, додаде Логар.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он