Либерланд е Србија!

Од:

Индекс – Загреб

Последните неколку недели речиси е невозможно да се отвори некој јавен медиум а да не се појави приказната за новата држава Либерланд. Она што почна како виц, држава која ја прогласи чешкиот политичар Вит Једличак, доби големо светско внимание, но сега веќе стана циркус и тоа циркус кој ја загрозува хрватската територија!

Идејата за Либерланд може да биде многу добро искористена од една друга политичка идеја – големосрпската. Како што ќе прикажеме во овој осврт, Либерланд може да биде искористен од страна на официјалната српска политика, која и натаму се труди да ни одземе дел од државната територија!

Ако некаде најдете карта на Југославија

Ако некаде имате стара училишна карта на СФРЈ која ги покажува и внатрешните граници ќе видите дека разграничувањето меѓу Социјалистичка Република Хрватска и Социјалистичка Република Србија не оди по средината на Дунав. Имено, СФРЈ тука уредно ги почитуваше катастарските планови и катастарските граници.

Генерално, се освен катастарските планови и почитувањето на границите на катастарските општини може да доведе до проблеми во разграничувањето, посебно кај реката каде освен природното постои и вештачко влијание на текот (а на текот на Дунав постоело влијание уште од времето на Австро-Унгарија). Катастарските планови се темел за разграничување со Босна и Херцеговина и со Словенија и нема никаква причина така да не биде и на Дунав. Освен што Србија сакаше нешто друго, разграничување по средината на Дунав.

Компензација по моделот на Република Србија – ние даваме хектар, вие давате десет

На двете страни на Дунав постојат џебови на територијата на друга држава, така Србија има нешто земја и од наша страна, ние нешто на војводинската. Србија предлага тоа да се искомпензира на начин да се утврди границата по средината на Дунав.

Моментно по средината на Дунав оди границата на оперативната, полициска надлежност меѓу двете држави, договорена кон средината на 90-те под надзор на тогашниот привремен управител Жак Клајн. Овој договор со ништо не го дефинира конечното решение на границата, во прашање е нешто што Клајн го предложил во смисла на нормализација на состојбата во текот на постапката на мирна реинтеграција на Подунавјето. Едноставно се работи за фактичката состојба која се применува сега и понатаму.

А зошто да не ги компензираме работите, па да направиме едноставно решение каде границата ќе оди по средина на Дунав, како што предлага Србија? Па затоа бидејќи на левата страна на брегот, значи на српската страна на Дунав, Хрватска има некои 10 до 11.000 хектари зависно од изворите, а Србија на десната т.е. на хрватската страна има околу 900 хектари! Ако се направи компензација, Хрватска дава 10 хектари за 1 српски хектар. Дополнително, хрватското земјиште стопански е повредно. Значи, компензацијата е нешто во стилот како Број Еден од Алан Форд им дели пари на своите подредени!

Паметна српска политика

Немојте да мислите дека српската политика и дипломатија не се паметни. Секој кој се сеќава од почетокот на 90-те знае дека во постапката на меѓународното признавање на Хрватска се одеше бавно и тешко. Српската политика и во овој случај, околу разграничувањето на Дунав направи нешто паметно, се однесува како да не постои нејзина територија од хрватската страна на Дунав. Воопшто не инсистираат на неа. Воопшто не ја бараат.

Причина за тоа зошто Србија не ја бара својата територија од нашата страна на Дунав е јасна, сака да ја прифати фактичката состојба, Хрватска да почне таа територија да ја смета за своја, па потоа Србија уредно хрватското земјиште од своја страна може да го смета за свое! И да добие ни помалку ни повеќе, туку 10.000 хектари од хрватската територија!

Не треба да се заборави дека меѓународното право по некое време фактичките состојби почнува да ги смета и за правни, а дополнително, кога ќе се покренат конечно вистинските преговори за разграничувањето меѓу Хрватска и Србија (попрво судска или арбитражна постапка, бидејќи се преговараше 10 години целосно неуспешно), Србија уредно Либерланд може да го наведе во своите аргументи дека границата треба да оди по средината на Дунав и дека тоа е единствено има смисол!

Играње со туѓа територија

Чешкиот политичар Вит Једличка најде одличен начин како да дојде до светска популарност (а како во шоу бизнисот, популарноста во политиката е се). Фактот дека Србија не го бара својот дел од територијата од Хрватската страна, го искористи да го прогласи за ничија земја и потоа самопрогласен Либерланд, микродржава на парче територија во близина на Змајевац (Хрватска) и Бачки Манастир (Србија). На некои карти и графикони ова подрачје се вика Горња Сига. Основањето на микродржавата ја прогласи на 13 април 2015 година и постави знаме на територија која се протега на околу 7 квадратни километри.

Со тоа директно се вмеша во комплициран граничен спор меѓу двете држави. И дополнително полицијата од двете страни ја искомплицира состојбата! А ново комплицирање на состојбата меѓу Хрватска и Србија едноставно не ни треба. Тој граничен спор треба да се реши.

Да не спомнуваме дека на актуелната српска политика, со која раководат поранешни партиски колеги на Војислав Шешељ, и даде дополнителни аргументи како да и се одземат на Хрватска 11.000 хектари територија! Србија дури и легитимната хрватска реакција за зачувување на јавниот ред и мир, можно е да ја искористи како аргумент дека границата треба да оди по средината на Дунав.

За Хрватска, Либерланд е Србија

За хрватската полиција и општо за власта, Либерланд е и мора да остане дел од Србија. Значи, секое поминување на границата од страна на Хрватска треба да се казнува, бидејќи се работи за илегално поминување на државната граница кон Србија. За тие кои доаѓаат од Србија, да се следат дали имаат соодветни документи за престој покрај самата државна граница (дури, би било добро да се види дали Србија со документи признава дека овој дел од територијата за кој зборуваме е нивен!).

Во секој случај, околу сето ова се направи циркус, циркус кој вреди бидејќи сега границата треба дебело повеќе да се контролира, како што секоја идеја има свои екстремисти, така ја имаат и либертаријанците, па сега секакви екипи ќе почнат да доаѓаат на ветената земја. Но, тој циркуз е политички опасен, бидејќи оди на рака токму на оваа сегашна српска, да не кажам големосрпска политика која сака да ни одземе дел од територијата кој припаѓа на Хрватска.

Самиот Вит Једличка со ваквото однесување ги премина границите кои суверена држава треба да ги трпи, па Хрватска треба да му оневозможи да влегува во нашата територија во иднина. Што се однесува до спорот околу границата и овој настан нека биде предупредување дека граничните спорови, како и националните треба да се решаваат, бидејќи работите инаку стануваат комплицирани.

Хрватска тука не треба од ништо да се плаши, туку самостојно, но и преку Европската унија, па и ОН ако треба, да побара од Србија да го покрене прашањето за конечно решавање на границата на Дунав, согласно правилата за мирно решавање на спорови: преговори, помирување, арбитража, меѓународен суд.

А што се однесува до Либерланд, Вит Једличка нека го почитува начелото на либертаријанизмот дека не треба да се меша во туѓо, па своја држава нека основа на подрачјето на Чешка или евентуално на границата меѓу Чешка и Словачка.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија