Лажните вести и теориите на заговор за Ковид-19 пред грчкото oбвинителство

Од:

Ќе ги преземеме сите законски мерки за дезинформациите или теориите на заговор што почнаа да кружат на интернет, со цел да не бидат закана за јавното здравје, вели министерот за цивилна заштита на Грција Михалис Хрисохоидис под чија наредба до Јавното обвинителство е доставен материјал за кој треба да се оцени дали постои кривично дело.

Надлежниот министер наложил до Дирекцијата за борба со компјутерски криминал да достави до Обвинителството објави на интернет за непочитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

– Ќе ги преземеме сите законски мерки за дезинформациите или теориите на заговор што почнаа да кружат на интернет, да не бидат закана за јавното здравје. Коронавирусот не е погоден за повици за непослушност или сценарија за заговор. Во секоја наша активност, во секоја наша постапка, треба да преовладува одговорноста и свеста за последиците врз нашите сограѓани. Државата нема да дозволи создавање извори на опасност за јавно здравје од социјално неодговорни однесувања, вели министерот за цивилна заштита на Грција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски