Криминалецот наречен Војвода, вмешан во пукање во приштинското кафуле е еден од најбараните криминалци од ФБИ

Од:

Главен осомничен за вмешаност во синоќешната пукање во приштинско кафуле, во која беа повредени неколку лица, а еден почина од повредите, е Албанецот Дукаѓин Николај, познат по прекарот „Војвода“.

Toj успеал да побегне од местото на настанот во Приштина. Станува збор за еден од најбараните криминалци на листата на ФБИ, пренесува Репортерс.

Покрај тоа што е осомничен дека е вмешан во синоќешното пукање во Приштина, тој има криминално досие во САД.

Според ФБИ, Николај е осомничен дека е вмешан во купување на големи количини марихуана од Канада и нивна дистрибуција во областа на Њујорк.

Тој е осомничен за трговија со дрога и убиство. По него во мај 2010 година е распишана потерница поради пуштање во промет наркотични дроги. Се вели дека тој контролирал синџир на дрога од 2003 до 2007 година.

На некои фотографии „војводата“ може да се види во друштво на 39-годишен маж, кој како последица од повредите починал синоќа во кафулето „Бон Вивант“.

Косовската полиција уапси четворица осомничени, меѓу кои и Анди Пајазити, познат како „Италијанецот“, кој е повреден и се наоѓа на лекување во болница, додека Дукаѓин Николај се уште е во бегство.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

ВИДЕО: Пукање на забава: Има мртви, неколку повредени

Предраг Петровиќ

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Инцидент во Гази Баба, маж пукал со пиштол