„Јужен поток“ ја менува трасата низ Србија

Од:

До крајот на годинава во Србија ќе бидат поставени првите 30 километри од гасоводот „Јужен поток“, со измена на трасата во Војводина, соопшти денеска директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ.

Тој истакна дека во земјата, што се однесува до „Јужен поток“, се оди според планот.

– Ќе има мала измена на делницата во Војводина, бидејќи гасоводот наместо кон Италија ќе оди кон Баумгартен во Австрија, каде се наоѓа најголемото складиште на гас во Европа. Наскоро ја завршуваме експропријацијата за третиот дел од трасата на гасоводот и чекаме добивање на градежни дозволи за почеток на изградбата, нагласи Бајатовиќ.

Тој додаде дека не постои ниту една причина „Јужен поток“, како енергетски објект, да не биде изграден во Србија, како ни во другите земји низ кои треба да минува.

Бајатовиќ потсети дека станува збор за проект во кој Србија ќе има минимални ризици, а голема економска, енергетска и политичка добивка.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on