Јункер: Средбата ЕУ-Турција во Варна ја очекувам со „измешани чувства“

Од:

Претстојната средба ЕУ-Турција во Варна ја очекувам со измешани чувства, изјави денеска претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск по завршувањето на дводневниот состанок на Европскиот совет.

Јункер појасни дека проблемите меѓу ЕУ и Турција не престануваат да се зголемуваат, но оти европската страна сака да ја зајакне соработката со Анкара.

Туск изрази надеж дека разговорите со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе се однесуваат на широк спектар на теми, вклучувајќи ја и иднината

– Состанокот нема да биде лесен, пред нас стојат некои сложени прашања, вклучувајќи ги и турските акции во Сирија. Ние сме соседи со Турција, треба да најдеме начин да зборуваме отворено, додаде Туск.

Во врска со одлуката на ЕУ да ја поддржи оценката на Велика Британија дека нападот врз шпионот Сергеј Скрипал најверојатно е дело на Русија, Туск истакна дека „тоа е најдобриот можен одговор, на кој Заедницата е способна“.

– Многу е тешко да подготвиме соодветен одговор на таков напад – ние сме сосема различни од сторителите, ако разбирате што кажувам. Во ЕУ имаме различни гледишта, интереси и традиции во политичкото однос кон Русија, не е лесно да бидеме обединети и затоа ги цениме добрата волја, добриот политички инстинкт, додаде тој.

Јункер истакна дека одлуката за отповикувањето на амбасадорот на ЕУ во Москва е „вонредна мерка“ каква што досега не била преземена. Тој го осуди труењето на Скрипал, но додаде дека каналите за комуникација со Москва треба да останат отворени и околу тоа нема несогласувања.

Туск додаде дека од понеделник „повеќе од една земја на ЕУ“ ќе преземе свои мерки против Москва. Според неофицијални информации, околу половина од земјите на ЕУ планираат да ги вратат своите дипломати испратени во Русија или да ги протераат руските дипломати од нивна територија. Тој изрази лично задоволство што, и покрај разговорите за напуштање на Велика Британија, ЕУ и понатаму е обединета во овој случај.

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека Париз и Берлин ќе бидат меѓу земјите кои наскоро ќе преземат нови и координирани мерки за кои другите лидери рекоа дека би можеле да опфатат и протерување на руски функционери, а можеби и други мерки на одмазда.

– Сметаме дека овој напад е сериозен предизвик за нашата безбедност и европскиот суверенитет, кој бара координиран и решителен одговор од страна на Европската унија и земјите членки, рече Макрон.

Германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција го повтори ставот на Макрон дека Русија го прекршила суверенитетот и безбедноста на ЕУ и истакна дека земјите од ЕУ ќе разговараат за мерките кои ќе ги преземат и „потоа ќе дејствуваат“.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш рече дека веројатно во понеделник ќе објави протерување на неколку Руси од Прага и оти ќе се консултира со министерот за надворешни работи.

Претседателката на Литванија Далија Грибаускајте рече дека е подготвена да ги протера „руските шпиони“ чии активности, како што рече, се многу штетни.

– Сигурно е дека следната недела ќе биде преземена координирана акција. Апсолутно е очигледно дека постои мрежа и оти дејствува агресивно, рече таа.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица