Јахјага: Србија нема место во ЕУ без да ги реши сите прашања со Косово

Од:

Србија нема место во ЕУ без да ги реши сите прашања во односите со Косово, оценува косовската претседателка Атифте Јахјага и додава дека земјите од Западен Балкан се стремат кон европска иднина и оти тој пат, според неа, нема да биде регулиран без добрососедство.

– Процесот кон ЕУ е индивидуален за секоја држава, прашањето на договори и обврски се основен предудлов за интегративниот еврпски процес, изјави Јахјага за косовската телевизија, јави дописникот на МИА.

Во врска со дијалогот со Србија, Јахјага, смета дека тој треба да продолжи во идентична форма, но со ограничен временски рок, додека за асоцијацијата на српските општини во Косово, дека тие ќе функционираат во рамките не Уставот и законите во земјата, идентично како и другите општини во Косово.

Таа се задржала и околу формирањето Специјален суд, оценувајќи дека тој ќе се занимава со индивудални случаи, но оти нема да ја загрози битката на косовскиот народ за слобода и независност.

Јахјага се заложила за поголема одлучност во борбата против корупцијата нагласувајќи дека 2015 година ќе биде година на поголема одлучност на органите на редот против корупцијата и организираниот криминал, а во однос на верскиот екстремизам, категорично одговирила дека Косово никогаш нема да биде ни жариште ни тразитна земја за вакви дела.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ