Инцко жали што напредокот на Србија кон ЕУ не се пресликува и во БиХ

Од:

Високиот претставник на ЕУ во Босна и Херцеговина, Валентин Инцко истакна дека високо го цени напредокот што го прави Србија на патот кон Унијата благодарејќи на фактот што нејзиното актуелно раководство „има визија, храброст и одлучност земјата да стане кредибилен партнер на Европа“, додавајќи дека жали што тоа не е случај и со БиХ.

– Додека Србија решава крупни прашања, ние овде во Сараево не можеме да го решиме прашањето за Мостар, единствениот матичен број, нагласи Инцко.

Високиот претставник на ЕУ додаде дека Белград и Приштина во Брисел постигнале навистина огромен напредок.

– Сите во соседството се чудиме како Србија отиде толку далеку во овие разговори со Приштина и тоа за проблем кој трае 600 години, изјави Инцко, додавајќи дека Србија направила голем исчекор и во борбата против криминалот и корупцијата.

Тој е уверен дека кога регионот ќе тргне напред, како што е случајот со Хрватска, Црна Гора и Србија, тоа ќе биде добар пример за БиХ.

Според него, во БиХ, по повеќе од 10 години голем повоен напредок, дошло до стагнација и тоа затоа што меѓународната заедница одлучила судбината на земјата да им ја препушти на локалните политичари.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија