Хрватска и предаде на Србија список со 1.557 имиња на обвинети Срби во хрватските судови

Од:

Српското Министерство за правда денеска соопшти дека од Хрватска добило прочистен список со имиња на 1.557 лица, против кои хрватските правосудни органи водат истрага или покренале обвиненија за воени злосторства во периодот од 1991 до 1995 година.

Списокот содржи и преглед на обвинети, кои се судени во отсуство во Хрватска, бидејќи избегале во Србија.

Списокот е предаден на почетокот на јули на средба на српско-хрватската комисија за подготовка и размена на списоци на лица, обвинети или осудени за воени злосторства, извршени во периодот 1991-1995 година.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик