Харадинај: Доколку нема договор со Белград до 2022, таксите остануваат

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај потврди дека САД официјално побарале од Приштина да се укинат зголемените такси на српските производи.

Тој повтори дека тоа нема да се случи доколку не дојде до договор, со кој Србија ќе ја признае косовската независност.

Харадинај на прес-конференција рече дека американскиот став за таксите на стоката од Србија го примил преку амбасадаорот на САД во Приштина, Филип Коснет.

– Амбасадорот го изрази ставот на американската влада за барањето за укинување на таксите како би се отворил пат за дијалог. Тоа е нивно службено барање. Меѓутоа, тие се свесни дека ние немаме право да ги коментираме нивните ставови, рече Харадинај.

И покрај американското барање и заканата за санкции кон Косово, Харадинај тврди дека ваквите зголемени такси ќе останат до потпишувањето на сеопфатен договор кој би резултирал со признавање на косовоската независност од страна на Србија.

Досегашниот тригодишен дијалог кој Белград и Приштина го водат во Брисел, Харадинај го нарече „циркус“ и додаде дека до сега не се постигнати ефекти кои се вредни за да се вратат таксите на старото ниво. Повтори дека Приштина е подготвена уште денес да ги укине таксите доколку има договор.

– Нема ништо што би можело да го замени договорот. Но пред да постигнеме договор за признавање, нема никаква логика да ги укинуваме таксите. Доколку договорот е сеопфатен, нема да дозволам таксите да бидат укинати се додека тој не биде потпишан. Целта на воведените такси е потпишување на договор за признавање на косовоската независност, рече Харадинај.

Тој очекува договорот со Белград за меѓусебно признавање да биде потишан, а доколку тоа не се случи ни до 2022 година, таксите ќе останат на сила.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски