Хаос во Словенија: повеќе од 12.000 новозаразени, илјадници ПЦР примероци остануваат необработени поради ограничениот лабораториски капацитет

Од:

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени повеќе од 12.000 инфекции со коронавирус, што е нов рекорд на дневни инфекции од почетокот на епидемијата.

Според медиумите, реалниот број на инфекции веројатно е уште поголем бидејќи илјадници примероци за ПЦР тестови остануваат необработени поради ограничениот лабораториски капацитет.

Според неофицијалните податоци што утринава ги пренесоа медиумите, во Словенија за 24 часа се потврдени 12.019 случаи на зараза, што е нов дневен рекорд на новозаразени и голем пораст во однос на состојбата пред седум дена кога беа потврдени 7.433 заразени.

Премиерот Јанез Јанша, исто така, на својот профил на Твитер потврди дека бројот на дневни инфекции „надминал 12.000“.

Сепак, некои ПЦР тестови останаа необработени во последните денови, па веројатно бројот е уште поголем, пишуваат словенечките медиуми.

Како што изјави за Словенечката телевизија државниот секретар во Министерството за здравство Франк Виндишар, се бараат дополнителни капацитети „во Словенија и во странство“ со цел да се обезбедат доволно ПЦР тестови и нивна обработка до крајот на овој бран на епидемијата, за сите оние кои „навистина им треба тестирање“.

Виндишар оцени дека врвот на сегашниот бран предизвикан од варијантата омикрон може да се очекува следната недела, а бројот на хоспитализирани ќе се зголемува до средината на февруари.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он