Грубјешиќ: Нема да дозволиме поради лажни азиланти да трпат граѓаните на Србија

Од:

Вицепремиерката за евроинтеграции во српската Влада, Сузана Грубјешиќ изјави дека повторното воведување на визите за Србија за патување во земјите на ЕУ би значело одземање на тешко добиената слобода на движење, како една од најважните не само европски, туку и универзални вредности.

 Владата на Србијa, вели,  тоа нема да го дозволи бидејќи тоа би било погубно за европската идеја на земјата.

„Српската Влада нема да дозволи поради малкумината лажни азиланти да трпат граѓаните на Србија и ќе направиме се што е до нас заедно со европските партнери да го решиме овој проблем во најкраток можен рок“, изјави Грубјешиќ.

Српската вицепремиерка оваа недела во Букурешт разговараше со македонскиот премиер Никола Груевски во врска со визната либерализација, бидејќи и Македонија се соочува со истиот проблем,објавија српските медиуми

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија