Грција со закон ги спречува профитерите – тестовите за Ковид-19 ќе чинат најмногу 40 евра

Од:

За да се спречи профитерството со тестовите за Ковид-19, грчката Влада воведува плафон за цените за ПЦР и брзите тестови, кои од денеска во земјата не смеат да чинат повеќе од 40, односно 10 евра.

Генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачи, Панајотис Стамбулидис, на денешната редовна прес конференција за Ковид-19 во Министерството за здравство на Грција ја соопшти одлуката, објаснувајќи дека во моменти кога голем дел од бизнисите се затворени поради карантинот, а Владата поддржува здрава конкуренција, неопходно е да се спречат случаи на профитерство.

-Министерот за развој и инвестиции во следните денови ќе достави соодветен амандман според кој ќе може да се одредат највисоки крајни цени за добра и услуги неопходни за заштита на јавното здравје и економските интереси на граѓаните. По гласањето и објавувањето во Службен весник ќе се издаде министерска одлука со која ќе стапат во сила највисоките цени за вршење испитувања за коронавирусот SARS-COV2 за секој од приватните центри што ја нудат оваа услуга, објасни Стамбулидис и соопшти дека молекуларниот тест ќе чини најмногу 40 евра, а рапид тестовите 10 евра.

Цените на ПЦР тестовите во приватните лаборатории во Грција досега се движеа од 70 до 90 евра.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски