Грција и Бугарија разговараат за активирање на стариот проект за изградба на нафтоводот Бургас-Александруполи

Од:

Бугарија ѝ предложила на Грција да се активира стариот проект за транспорт на нафта од грчкиот град Александруполи до бугарскиот град Бургас, но без вклученост на Русија, објави грчкиот весник „Икономикос Тахидромос“, а дека се водат разговори, потврдил и министерот за енергетика на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

dobivaj vesti na viber

„Икономикос Тахидромос“ во текстот под наслов „Обид за заживување на нафтоводот Бургас- Александруполи“, пишува дека Грција и Бугарија „го вадат од фиока стариот проект, секако без вклученост на Русија“.

Министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас во изјава за весникот потврдува дека постојат разговори меѓу Атина и Софија.

-Конкретниот проект ни го предложи Бугарија и сме во разговори. Транспортот на нафта ќе се врши од точката на нафтоводот во Александруполи и количините ќе се префрлаат во Бургас,рекол Скрекас .

За оживување на инвестицискиот план стар 14 години тогаш на релација Русија – Грција – Бугарија, а сега со перспектива да биде само меѓу Атина и Софија, говорел бугарскиот министер за енергетика Росен Христов на енергетската конференција што во вторникот се одржа во Атина

Христов нагласил дека е обновена дискусијата за нафтоводот Бургас- Александруполи паралелно со дискусијата за меѓусебното поврзување на грчките со бугарските пристаништа.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, претседателот на Бугарија Румен Радев на конференцијата посветена на регионалните процеси во регионот на Црното Море, коментираше дека Бугарија треба да го врати планот за изградба на нафтовод од Бургас до Александруполи, а причината се високите такси што Турција ги наметна за бродови и танкери кои поминуваат низ Босфорот и Дарданелите, што не дозволува Бугарија да добие евтини залихи на гориво.

Идејата за нафтоводот Бургас- Александруполи беше предложена од претходниот претседател на Бугарија, Георги Парванов, уште во 2008 година, но беше запрена од првата Влада на премиерот Бојко Борисов во 2010 година како неисплатлива за Софија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Грчко МНР: Турција уште еднаш ја извртува реалноста за муслиманското малцинство во Тракија

Ана Ололовска

БСП и „Демократска Бугарија” одбија да му дадат поддршка на Габровски, кандидатот за премиер од ГЕРБ

Ана Ололовска

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска заминува во посета на Турција

Ана Ололовска

Осветлена новогодишната елка во Солун

Ана Ололовска

Сакаларопулу: Членството на Бугарија во Шенген не треба повеќе да се одложува

Ана Ололовска

Анархистичка група ја презеде одговорност за запалениот автомобил на италијанската дипломатка во Атина