Грчката Влада нема да дозволи Светиот оган да се носи од дом во дом

Од:

Светиот оган од Ерусалим и покрај пандемијата ќе пристигне во Грција, ќе се достави на целата територија, но нема да биде дозволено да се носи од дом во дом, како што планираа и најавија градоначалници од неколку грчки општини, јави дописничката на МИА од Атина.

Со оглед на тоа дека црквите во Грција, за Велигден ќе бидат затворени за верниците, градоначалникот на атинската општина Аргируполи – Елинико, најави дека со помош на волонтери и со испорачувачи Светиот оган, кусо пред Воскресението, ќе биде доставен до сите жители на општината. Набргу со исти најави излегоа и други градоначалници, но, оваа идеја не наиде на одобрување од грчката власт.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас рече дека иако целосно ја разбираат чувствителноста и подготвеноста за помош на оваа иницијатива, сепак, не можеме да се дозволи такво нешто.

-Оваа иницијатива, колку и да е одраз на длабоката внатрешна потреба на сите нас, постои опасност да даде погрешна порака и пример. Постои реална опасност, доколку и други општини преземат исти иницијативи, стотици па дури и илјадници граѓани, вработени или волонтери од општините, да се движат по улиците низ целата земја за да го достават Светиот оган до секој граѓанин и на овој начин ќе ги поништат напорите на сите нас и нашиот заеднички облог за останување дома, рече Хардаљас.

За конкретната тема разговарал со Централната унија на општините во Грција и го информирал дека сите општини треба да се воздржат од такви иницијативи, кои владата нема да ги дозволи.

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, на денешниот брифинг со новинарите рече дека е обезбедено пренесувањето на Светиот оган од Ерусалим во Грција, како и доставување низ целата територија на земјата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски