Голем пожар во центарот на Белград

Од:

Голем пожар денеска околу 14 часот ги исплаши жителите на Белград, откако во самиот центар на градот најпрво почнал да се шири густи чад а потоа се појавил и оганот.

Голем дел од киното „Козара“ е запалено, пожарникарите се на терен и се уште го гасат оганот.

Според неофицијали податоци пред пожарот се слушнала експозија, а причините за пожарот е старата електрична инсталација.

Податоци за повредени се уште нема, се претпоставува дека во киното немало никој, но се чека истрагата која е во тек да го потврди тоа.

„Теренот е недостапен и треба време да се изгаси целиот пожар“, изјави началникот на Секторот за внатрешни работи Предраг Мариќ и додаде дека нема причини за паника.

Пожарот во Белград изгаснат, повредени нема

Голмиот пожар кој денеска изби од покривот на киното „Козара“ во центарот на Белград е изгаснат. Повредени нема, ниту пак веројатност опасноста да влијае на околните згради.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ потврди дека пожарникарите ќе останат на местото до доцните вечерни часови.

Населението во околните згради беше евакуирано во случај пожарот да се прошири, но сега можат да се вратат дома.

„Густиот чад кој се уште е проблем, но потребно е луѓето само да ги затворат прозорите, не мора да заминуваат“, рече тој на крај.

Се претпоставува дека причина за пожарот е старата инсталација во киното.   >17:15

 

Би можело да ве интересира

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

41-годишен маж од Скопје осомничен дека го подметнал пожарот во Адвокатката комора

Вучиќ: Србија која е за труд секогаш ќе ги победува оние што се за граѓанска војна

Протести во Нови Сад и Белград, блокирани се неколку факултети

Обвинителот Џелал Бајрами се надева дека брзо ќе бидат откриени оние што му го запалија автомобилот

Опожарен дуќан на советникот од ДУИ Фитор Јакупи, запален автомобил на обвинител

Катерина Ѓуровски