ЕК: Отворањето на тајните досиеја не е услов за ЕУ

Од:

Европската комисија не бара од Србија да ги отвори тајните документи на службата за безбедност, но „силно препорачува“ тоа да се направи, се наведува во соопштението од Канцеларијата на комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе.

Портпаролот на Филе, Петар Стано за белградскиот весник „Данас“ истакна дека „отворањето на досиејата би помогнало во истрагата за исчезнатите лица, како и за нерешените убиства од 1990 година, меѓу кои има и нерасветлени убиства на новинари“.

Стано посочи и дека поголемата транспарентност и отвореното соочување со минатото води кон помирување во општеството и надминување на постоечките поделби.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија