ЕК: Бугарија, Хрватска и Словачка примаат премалку мигранти според утврдените квоти

Од:

Бугарија, Хрватска и Словачка примаат премалку мигранти, соопшти денеска Европската комисија при претставувањето на најновиот извештај за реализација на квотите за раселување.

Се покажува дека Бугарија, Кипар, Грција, Хрватска, Малта, Полска, Романија, Словачка и Словенија се уште не примиле ниту еден бегалец според спогодбата со Турција.

Во документот се посочува дека досега Бугарија примила од Грција 29 кандидати за азил од поднесени 310 барања. Бугарија и ветила на Грција дека ќе прими вкупно 831 кандидати и досега реализирала само три отсто од ветувањето.

Генерално во ЕУ се покажува напредок во реализирање на квотите, но ЕК повикува на повеќе напори. Досега во ЕУ биле раселени приближно 32.000 мигранти.

Во Грција преместување очекуваат 14.000 кандидати за азил, а во Италија околу 3.500, покажуваат податоците на ЕК.

Комисијата забележува дека за квотите да бидат исполнети до крајот на септември неопходно е од Грција да бидат преместувани речиси 3.000 лица месечно, а од Италија по речиси 1.500 лица секој месец. ЕК инсистира државите членки на ЕУ да имаат месечни планови за раселување, да ги зголемат своите можности за обработка на барањата и да го скратат времето за одговор по нив. ЕК препорачува државите да избегнуваат преголеми ограничувања кон кандидатите.

Во документот е запишано дека додека Луксембург и Португалија забележуваат траен напредок по однос на исполнување на квотите, Бугарија, Хрватска и Словачка извршуваат многу малку преместувања. Унгарија и Полска се уште одбиваат да учествуваат во распоредот со квотите. До овој момент само Малта и Финска се на пат да ги исполнат своите обврски во зададениот рок.

Би можело да ве интересира

Експлозија го потресе Загреб

Горан Наумовски

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он