Еди Рама: Мојот брат не е поврзан со леталото на белградскиот стадион

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли како сосема неточни тврдењата дека неговиот брат е поврзан со инцидентот со малото беспилотно летало, што леташе над теренот на стадионот на „Партизан“ во Белград,за време на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Албанија и на Србија.

– Ниту мојот брат ниту било кој од оние, вкупно 45 луѓе дојдени од Албанија за натпреварот ,се виновни за она што се случи, рече премиерот Рама во интервју за Си-Ен-Ен.

Според албанскиот премиер ,никој од нив не можело да биде поврзан со леталото, затоа што телевизиските снимки покажуваат дека тоа долетало од надвор, што значи дека не е покренато од стадионот или уште помалку од местото каде беше сместена албанската делегација.

Во интервјуто Рама изрази жалење за она што се случи и ги отфрли обвинувањата кон Албанија, означувајќи ги како „пропаганда“.

– Жалосно е што ова се случи во време кога албанското-српските односи, по многу години, се нормализирани, без притисоци и непријателствата од минатото, посочи албанскиот премиер.

На 22 и 23 октомври Рама треба да допатува во Белград, на средба со српскиот премиер Александар Вучиќ. Станува збор за прва посета на еден албански премиер на Србија по 68 години.

За Си-Ен-Ен Рама наведе дека и покрај тоа што се случи минатиот вторник, тој би сакал да патува во српскиот главен град, забележувајќи дека посетата може да придонесе за унапредување на билатералните односи и за создавање нова клима на односи на Балканот.

Премиерот на Србија, Вучиќ за белградските медиуми изјави дека одлуката за тоа дали посетата ќе се одржи или ќе биде откажана, ќе ја донесе во текот на викендот.

Српските медиуми, како и тамошните власти и понатаму тврдат дека инцидентот на натпреварот беше „албанска провокација“ и продолжуваат да го обвинуваат братот на албанскиот премиер за леталото над стадионот на „Партизан“.

Само 24 часа по инцидентот, леталото беше откриено во Панчево, во близината на Белград, но без да се дадат детали околу неговото потекло и кој стои зад него. Телевизиската станица Б92 објави снимки од полициската проверка на црквата која се наоѓа во близина на стадионот, изразувајќи сомнежи дека со леталото се управувало далечински, токму од таа локација. Снимката не беше повеќе повторена и никој не ја споменува таквата можност.

Во меѓувреме, претседателот на УЕФА, Мишел Платини за париските медиуми изјави дека случајот се уште се истражува, но дека е „многу веројатно оти двете фудбалски федерации ќе бидат казнети“.

Би можело да ве интересира

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана