Дорис Пак: Ќе ги притиснеме и Белград и Приштина

Од:

Германската европарламентарка, Дорис Пак изјави дека се надева на договор помеѓу Белград и Приштина, бидејќи според неа последниве месеци има чекор напред во преговорите во однос на изминатите години.

Таа напомена дека и Белград и Приштина очекуваат ЕУ во преговарачкиот процес да изврши притисок на другиот, но таа истакна дека и на двете страни ќе има притисок со цел да се постигнат подобри соседски односи и подобри животот на сите граѓани.

Според неа планот на Ахтисари е задоволителен за решавање и на оние проблеми во северниот дел на Косово, само кога би бил спроведен „еден на еден“.

-Косовските власи можеа да направат повеќе и подобро доколку тргнеа во остварување на таквиот план на југот на земјата како во поглед на правото на користење на јазикот, образованието, вклучување на Србите во администрацијата-смета Пак.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ